Еспањол со гостински триумф кај Селта

29

Со двата гола на Фернандез Жаен, тимот на Еспањол вечерва освои три бода на гостувањето кај Селта во победата од конечни 0:2.

Погодоците на Фернандез беа постигнати што се вели во вистински момент. Во 28. минута за релативно рано водство на гостите, и во вториот дел во 63. минута за удвојување на предноста и за елиминирање што се вели на домашните амбиции за нешто повеќе од пораз на овој дуел.

Со оваа победа, тимот на Еспањол стигна на контото да има 35 бода, што во моментов му го гарантира 14. место на табелата.

ПретходноБаерн и Дортмунд во екстра дуел си ги поделија бодовите (ВИДЕО)
СледноЕдерсон стигна со седмата асистенција во Премиер лигата