Има договор: Флик и Барса ја продолжуваат соработката до 2027!

116

Ханси Флик и Барселона постигнале начелен договор за продолжување на соработката најмалку до 2027 година. Германецот добива нови, се разбира подобро услови пред се кога се во прашање финансиите.

Инаку Флик и Барса имаат договор до јуни 2026, Хоан Лапорта инсистирал на договор до 2023, но сепак Германецот не сакал да се врзува на толку долг период. Имено тој секогаш барал, каде и да работел едногодишни или двогодишни договори.

Се разбира дека ова е добра вест за сите во Барселона, посебно за фановите на каталонската гордост кои се воодушевени од тоа што го прави Германецот во својата прва сезона како стратег на тимот. Барса има големи шанси да ги освои сите три титули. Прва е во Ла Лига, во ЛШ веќе е во 1/2 финалето а во Копа дел Реј игра финале против Реал Мадрид, тим кој што оваа сезона буквално го парчосува во секое Ел Класико.

ПретходноВМФЛ: “Лидерот“ со победнички мисли во Гевгелија, Скопје го дочекува Арсими!
СледноВечерва пред полни трибини во Битола: Македонските ракометарки ќе бркаат негатива од четири гола!