Лидерот на Серија А конкуренцијата, и најсериозниот кандидат за освојување на Скудетото, тимот на Интер, предмалку на домашен терен без премногу проблеми и во голем стил стигна до уште една победа.
И тоа против тимот на Каљари кој на Џузепе Меаца попладнево немаше никакви шанси. Домаќинот дојде до водство уште во 13. минута преку Арнаутовиќ, а во 26. веќе преку Лаутаро Мартинез беше 2:0.
Во вториот дел само на момент гостите преку Пиколи кој намали на 2:1, имаа резултатски баланс на некаков начин но Бисек во 55. минута повторно создава двојно водство од 3:1 за домаќинот, што значеше и конечен резултат.
Интер е прв со 71. бод пред Наполи со 65.