Крос за реваншот во Мадрид: Ќе одлучат првите 15 минути!

497

Во првиот 1/4 финален меч во ЛШ во Лондон тимот на Арсенал со 3:0 просто го згази актуелниот првак. Токму затоа сите се прашуваат дали реваншот кој се игра во среда ќе биде невозможна мисија за составот на Карло Анчелоти.

Свој коментар даде и Тони Крос, кој до минатата сезона беше еден од клучните играчи на Реал Мадрид.

Арсенал го победил Реал? Се чини дека реми е доволно здодевен резултат за Реал за да се врати“ малку во шега посочи Германецот па продолжи…

Легендата живее и понатаму. Сепак емоциите ќе бидат важен фактор во реваншот. Тимот мора да даде се од себе, публиката исто така треба да биде важен фактор. Јасно е дека Реал Мадрид ќе се обиде да ја достигне разликата, но исто така по тие 0:3 од првиот меч нема нималку да биде лесно. Според мене решавачки ќе бидат првите 15 минути, тука ќе се види дали Реал Мадри може или не“ посочи легендарниот Германец.

ПретходноТах ги прекина преговорите со Барса, не сака да му се случи проблемот на Олмо
СледноВМФЛ: “Лидерот“ со победнички мисли во Гевгелија, Скопје го дочекува Арсими!