Екипата на Лас Палмас попладнево ја забележа веројатно најважната победа во досегашниот дел од сезоната во Примера. Обезбеден е триумф кај Гетафе од 1:3, со што тимот на Лас Палмас во голема мера си ги зголеми шансите за опстанок.
Особено што домаќинот на овој меч дојде до предност во првиот дел преку Алдерете, но потоа Рико беше исклучен и нештата на терен се променија.
Силва изедначи на 1:1, а потоа Мек Бурни со гол во 62. минута донесе гостинско водство. Фабио Силва со својот втор гол ги постави конечни 1:3.
Сега, Лас Палман има 29. бодови, и ќе чека кикс на Легањес за да остане на 18. место на табелата. Алавес има бод повеќе и е надвор од опасната зона.