Македонија поразена и од Кипар на БЏК Купот во Ларнака!

37

Македонските тенисерки утринава беа поразени во двата сингл меча против Кипар на БЏК Купот кој се одружува во Ларнака. Па така дуелот во двојки нема никакво резултатско значење.

Прво беше поразена Ана Митевска со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0) од Нина Андроникоу, за да потоа Магдалена Стоилковска загуби од Дарија Фрајмен со 2:0 (6:4 и 6:3 во гемови).

Треба да се каже дека и на оваа средба не настапи нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа поради повреда.

Македонија со овој пораз од домашната селекција го заврши својот настап на БЏК Купот во Ларнака.

ПретходноВо Леверкузен пресреќни: Вирц донесе одлука за својата иднина!
СледноМеси во Мајами се запозна со човекот по кој го добил името: Мајка ми ќе биде пресреќна! (ФОТО)