Манчестер Јунајтед ќе бара најмалку 60 милиони евра за напаѓачот Расмус Хојлунд, кој е вклучен во трансфер плановите на италијански Јувентус.
Данецот не успеа да ги оправда големите очекувања откако дојде во Англија од Аталанта. Со дел од средствата од неговата продажба, Манчестер Ј. ќе се обиде да собере доволно средства за да го купи Виктор Ѓокерес од Спортинг Лисабон.
Според „Тутоспорт“, Јувентус ќе се обидат да го комплетираат трансферот пред почетокот на Светското клупско првенство, но ќе треба да се договорат со Јунајтед за сумата за трансферот. Постои и опција за изнајмување со опција за купување.