Марк Маркез повторно со пол-позиција, овој пат за трката во Катар

23

Марк Маркез на Дукати ја освои својата четврта пол-позиција по ред, откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Катар, четвртиот круг од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.

Маркез до најдобрата стартна позиција на патеката „Лусаил“ стигна со круг од 1:50.499 минути, со десетинка предност пред помладиот брат Алекс, кој ги брани боите на Гресини.

На двајцата во првиот ред на почетокот и на спринтот и на Гран при трката ќе им се придружи Фабио Квартаро на Јамаха.

ПретходноКарлос Алкараз обезбеди финале во Монте Карло
СледноРодик верува во Ноле: Тој ќе се ресетира и ќе се врати на терен многу посилен