Меси во Мајами се запозна со човекот по кој го добил името: Мајка ми ќе биде пресреќна! (ФОТО)

164
Фото: ФЦ Интер Мајами/Твитер

Не треба да се трошат зборови за тоа дека Лео Меси просто ужива во животот во САД, посебно во Мајами. Најдобриот фудбалер во историјата игра добро за Интер Мајами а не крие дека чест му е што секојдневно се запознава со познати фаци од шоу бизнисот.

Последна таква средба или запознавање имаше со Лајонел Ричи, еден од најпознатите пејачи на сите времиња.

И кога е така тогаш јасно дека оваа нивна средба предизвика големо внимание ако се знае дека Меси го добил името Лионел (н.з шпански) токму по пејачот Ричи и тоа на инсистирање на неговата мајка.

Ричи се пофали со зборовите:

Кога Лионел го запозна Лајонел. Неговата мајка му го даде тоа име по мене, еве сега сме заедно. Прекрасно е да те запознам по толку години“ кажал Ричи, додека Меси истакнал дека неговата мајка ќе биде пресреќна кога ќе ја види заедничката фотографија.

ПретходноМакедонија поразена и од Кипар на БЏК Купот во Ларнака!
СледноШампионите направија прв чекор кон финале