Иако тимот на ПСЖ веќе ја освои титулата во шампионатот на Франција, сепак, има уште интересни мечеви во ова првенство. Денеска се одигра големото дерби помеѓу Монако и Олимпик Марсеј, кое Монако го доби со високи и убедливи 3:0.
Стрелци за Монако беа Минамино, Емболо и Закарија. Со оваа победа на Монако, тимот изби на втората позиција, со 53 бода прескокнувајќи го токму денешниот ривал кој е сега трет со бод помалку.
Стразбур има 49 бодови, Лион 48, а по 47 имаат Ница и Лил. Сите овие екипи имаат и меч помалку што значи дека сите со право се надеваат на пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.