Македонската женска ракометна репрезентација е поразена на реванш бараж мечот против Полска со 21-23 за пласман на Светското првенство 2025.
Битола се покажа како одлична ракометна публиката, салата беше исполнета, што пак беше голем проблем за Полска, ја немаше комоцијата како дома.
Дамјановска постигна пет гол кај нас, додека Младеновска и Јанкуловска постигнаа по четири. Ма другата страна Балсам имаше седум погодоци.
Скромен број на погодоци во првото полувреме, полските ракометарки поведоа со 1-3, со тоа што првиот гол го постигнаа после речиси пет минути. Нашите девојки не дозволија разликата да расте, на крила на поддршката од публиката израмнија на 4-4, не искористија напад за да поведет. Гостинките поведоа со 4-6, по една одлична одбрана на Мицевска, Македонија израмни на 6-6. Во 25. минута со две нови одбрани на Мицевска, а со головите на Ристовска и Младеновска, нашата репрезентација поведе со 8-7. Мицевска избрза за плус два. На одморот резултатот беше 10-10, а одбраната на Македонија добро поставена.
Полска отвори со 3-1 во вториот дел за 11-13, имаше позитива од два гола до 41. минута кога Македонија израмни на 16-16, долго време беше 17-17. Нашите ракометарки не искористија неколку напади за да поведат, направија неколку технички грешки.
На стартот на 50. минута по наша нова грешка, Полска ги врати стандардите +2 (18-20). Во 55. минута при 20-20 Македонија не искористи напад да поведе. Ова значеше крај на сонот, бидејќи немаше време за чудо. Дуелот заврши со победа на Полска.