Никој како Мохамед Салах!

208

Фановите на Ливерпул се во транс. Мохамед Салах и официјално го продолжи договорот со “’Редси“ до 2027 година. Познато е дека тој ја одби понудата од Саудиска Арабија вредна 500 милиони евра. Во Ливерпул ќе заработув “само“ 460.000 евра неделно, но и со таа плата ќе биде еден од најплатените фудбалери во Премиерлигата. Повеќе зема само Ерлинг Халанд во Манчестер Сити.

За останување во Ливерпул влијаело неговото семејство. Потоа желбата да се освојат што повеќе трофеи со култниот клуб од „Енфилд“ како и тоа да се дојде до “Златната топка“.

Инаку ако се гледа статистички Салах за овие години колку што е во Ливерпул, во однос на одредени показатели е убедливо најдобриот фудбалер во Премиерлигата.

Од 2017 година, кога за првпат настапи за Ливерпул па до сега, “Фараонот“ успеал да постигне 182 голови. Исто така има и најмногу асистенции плус голови – 267.

Салах во изминатите сезони како член на “Редси“ има најмногу аситенции од игра, тука не се сметаат прекините, 76. Има најмногу создадено шанси – 481.

Тој е бр.1 и по најногу упатени удари – 1025, а и по бројот на допири со топката – 2489.

Навистина импресивни бројки кои во наредните две сезони и тоа како ќе ги подобри.

ПретходноШампионите направија прв чекор кон финале
СледноГрчевски го објави составот, две репрезентативки последен пат во националниот дрес