Петрушев победник на традиционалниот ИКАС 2025

51

Најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев е победник на 56. издание на Илинденскиот кајак слалом – Икас 2025.

Денеска на патеката Матка се одржа годинешниот ИКАС 2025, кој годинава се бодувашеза Светската ранг листа на ИЦФ. Во популарната дисциплина К1, Петрушев беше најдобар по двете возења и со време 86,91 успеа да го освои првото место. Второпласиран заврши младиот македонски кајакар Кристијан Смилев, додека трет беше Марко Ѓорѓевиќ од Србија.

Во К1 во женска конкуренција победи Ула Скок од Словенија, во Ц1 најдобар беше Матеј Тројаншек од Словенија, додека победничка во Ц1 кај дамите беше Лили Пинтериќ од Словенија.

ПретходноРодик верува во Ноле: Тој ќе се ресетира и ќе се врати на терен многу посилен
СледноУнион Берлин успеа да „украде“ бод во Леверкузен, три пресврти за гостински победи