Пол Пирс: Голден Стејт ќе ги „збрише“ Лејкерс, Дончиќ се плаши од Дрејмонд

388
Фото: ЛА Лејкерс/Твитер

Некогашниот НБА шампион со екипата на Бостон, Пол Пирс верува дека средбата од првото коло во плеј-офот меѓу Лејкерс и Вориорс ќе биде најопасна.

„Од сите можни противници, Вориорс се тие кои можат веднаш да ги исфрлат Лејкерси. Попрво би играл против три ѕвезди отколку против три идни членови на Куќата на славните. Играш против легенди кои можеби одеднаш ќе се сетат на нивото на шампионската сезона пред неколку години и ќе те скршат во серија. Кога ги имаш против тебе Стеф, Дрејмонд, Џими Батлер не можеш да бидеш комотен. Мислам дека Лука е загрижен за Дрејмонд и Џими Батлер“, изјави Пирс.

Лејкерси денеска го обезбедија третото место на Западот. Голден Стејт продолжува да се бори за директен пласман во плеј-офот.

ПретходноУнион Берлин успеа да „украде“ бод во Леверкузен, три пресврти за гостински победи
СледноВила покажа дека е подготвена за ПСЖ, Евертон ги шокираше „шумарите“