Пјастри на пол позицијата за ГН на Бахреин

53

Австралиецот Оскар Пјастри утре ќе стартува како од пол позицијата на трката за големата награда на Бахреин. На денешните квалификации тој имаше најдобро време, и прв ја мина целта.

На втората позиција се пласираше Расел, додека Шарл Леклер имаше трето време денеска.

Актуелниот светски првак Макс Верстапен ќе стартува дури од седмата позиција, додека Луис Хамилтон во болидот на Ферари заврши на деветтото место.

Трката за ГН на Бахреин се вози во недела од 17:00 часот.

ПретходноМонако ја покажа силата против Марсеј
СледноИнтер без проблеми против Каљари