Утринава се одиграа повеќе натпревари во НБА со што регуларниот дел од сезоната влегува во самиот финиш.
Како прво Денвер победи, но не беше така лесно за тимот на Никола Јокиќ против Мемфис и тоа со 117:109. А Србинот повторно со фантастична партија, со нов трипл-дабл влезе во историја. Јокиќ забележа 26 поени, 16 скокови и 13 асистенции. И токму таа асистенција му помогна да влезе во историјата на НБА. Именио Јокиќ е третиот кошаркар во историјата на најсилната лига во светот кој има трипл-дабл во просек, се мисли во основниот дел од сезоната. Пред него тоа го имаат направено само Расел Вестбрук и Оскар Робертсон.
Jokic is officially the third player ever to average a triple-double in a season in NBA history 🃏🔥 pic.twitter.com/r9BG73HBW1
— SportsCenter (@SportsCenter) April 12, 2025
Што е најзначајно за Денвер, со оваа победа го осигура пласманот во плеј-офот.
Лука Дончиќ со 39 поени просто блескаше во дресот на ЛА Лејкерси во победата над Хјустон со 140:109. Треба да се каже дека во последната четвртина Лука беше на клупата, немаше потреба понатаму од негово шоу. Лејкерси и дефинитивно се трети во Западната конференција.
Сепак фановите на ЛА Лејкерси стравуваат за Леброн Џејмс кој мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда на препоните.
LeBron left the game after an apparent groin injury 🙏 pic.twitter.com/mTGInMsfc3
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 12, 2025
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Детроит – Милвоки 119:125, Индијана – Орландо 115:129, Филаделфија – Атланта 110:124, Бостон – Шарлот 130:94, Њујорк – Кливленд, Чикаго – Вашингтон 119:89, Њу Орлеанс – Мајами 104:153, Далас – Торонто 124:102, Минесота – Бруклин 117:91, Јута – Оклахома 111:145, Феникс – Сан Антонио 117:98, Портланд – Голден Стејт 86:103, Сакраенто – ЛА Клиперс 100:101.