Искусниот македонски интернационалец Иван Тричковски во моментов е во фантастична форма. Денеска го постигна својот четврти гол во последните пет меча вкупно седум во овогодинешниот шампионат на Кипар.
Овојпат Тричко стрелаше во победата на неговиот тим АЕЛ Лимасол на гостувањето кај Неа Саламис од 1:3.
Тој погоди за водство во 52. минута од мечот, и со него се разбудија стрелците на овој меч.
Тричковски иако има полни 37. години, во моментов ја доживува својата втора фудбалска младост на Кипар. Којзнае, можеби повторно ќе добие шанса и во националниот тим доколку продолжи да постигнува голови сезонава.