Екипата на Унион Берлин успеа да „украде“ бод од гостувањето во Леверкузен играјќи нерешено 0:0 против фаворитот Баер (Л) и да им направи сериозен проблем на домашните во битката со Баерн за новата шампионска титула. Актуелниот првак не успеа да реализира ниту една шанса во 90-те минути на својот стадион и сега му даде сериозна предност на баерн во битката за врвот на табелата.
На три од преостанатите четири попладневни дуели видовме целосен пресврт. Имено, на дуелите во Менхенгладбах, Кил и Бохум, домашните состави тргнаа подобро и имаа предност од 1:0, но на сите три пресметки, практично во судиските продолженија, гостите успеаја комплетно да го свртат резултатот и на крајот да заминат како победници со конечни 1:2.
Андреј Крамариќ, пак, со своите два гола денеска му донесе триумф на Хофенхајм против Мајнц од 2:0.
БУНДЕСЛИГА – 29. КОЛО
Борусија (М) – Фрајбург 1:2
Бохум – Аугзбург 1:2
Баер (Л) – Унион Берлин 0:0
Хофенхајм – Мајнц 2:0
Холштајн Кил – Ст. Паули 1:2