Филмско враќање на шампионот: Манчестер С. од 0:2 до убедлива победа над Палас (ВИДЕО)

110

Се уште актуелниот првак на Англија, Манчестер Сити направи голем пресврт за победа на денешниот воведен меч од 32. коло во Премиерлигата. Пред своја публика, „граѓаните“ на крајот славеа над Кристал Палас со 5:2, иако гостите тргнаа молскавично и имаа предност од 0:2.

На „Етихад“ во првите 20 минути видовме вистинска конфузија кај домашните, што кристал Палас умешно го искористи и со головите на Езе во 8. и на Ричардс во 21. минута успеа да дојде до неочекувано висока предност од 0:2.

Домашните по овој втор гол притиснаа, а голот на Кевин Де Брујне од слободен удар во 33. минута беше иницијална каписла за големо враќање. Мармуш со погодок во 36. минута веќе израмни и на 2:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Само што почна вториот дел Ковачиќ погоди за 3:2, а по него голови и за МекАти и О’Рајли со кои домашните стигнаа и до убедлива победа со која се пробија на 4. место на табелата и остануваат во трка за место во ЛШ следната сезона.

ПретходноМанчестер Ј. одреди цена за Хојлунд, Данецот се враќа во Италија?
СледноКарлос Алкараз обезбеди финале во Монте Карло