Иако важеше за играч од светска класа со незгоден карактер, сепак Златан Ибрахимовиќ имаше проблеми само со еден тренер, а тоа е Пеп Гвардиола и тоа кога беа заедно во Барселона во сезоната 2009/10. Златан имаше добра сезона, но не сепак Пеп немаше премногу доверба во него, па така често го оставаше на клупа.
А дека тоа на Ибрахимовиќ не му се доапаѓало, сега по 15 години го кажува и Јаја Туре, една од ѕвездите на каталонскиот тим во тоа време. Тој открива дека во таа сезона се водела војна меѓу Златан и Пеп.
“Беше страшно. Златан е тип кој во неколку наврати ме преплаши до смрт. Тој е таков, ако не е во стартниот состав ете проблеми, па и војна. Се сеќавам дека правеше луди работи во соблекувалната, кога не играше. Фрлаше со предмети во соблекувалната, па одеше во канцеларијата на Пеп, а овој бегаше од него“ открива Јаја Туре, кој во два наврати токму од Пеп беше отпишан. Прво во Барса а потоа и во Манчестер Сити.