
Екипата на Јувентус под водство на новиот тренер, Игор Тудор полека но сигурно влегува во резултатски колосек. Вечерва екипата во Торино обезбеди три бода од редовното Серија А коло против тимот на Лече со резултат од 2:1.
На погодок на овој меч се чекаше само две минути откако на асистенција на Душан Влаховиќ за водство на домаќинот погоди Копмеинерс.
Во 33. минута повторно на асистенција на србинот, Кенан Јилдиз погоди за двојно водство по што беше јасно во кој правец оди овој меч.
Домаќинот во продолжението на мечот имаше неколку ситуации за нов гол, но не погоди во противничката мрежа. Тоа го стори противникот преку Башчирото во 87.минута поставувајќи ги конечните 2:1.