Шампионите направија прв чекор кон финале

62

Актуелните одбојкарски шампиони, Работнички во женска и Струмица во машка конкуренција стартуваа со победи во полуфиналните дуели од плеј-офот во домашните првенства. Во еден од најинтересните натпревари оваа сезона, одбојкарките на Работнички во Скопје во пет сета успеаја да го совладаат новиот освојувач на Купот на Македонија, Наковски Волеј и со тоа да го направат првиот чекор кон големото финале. Струмичанки одиграа уште еден одличен меч,но нијанси решаваа за победникот на ова прво полуфинале

РАБОТНИЧКИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ  3:2 (21:25, 27:25, 23:25, 25:13, 15:9)

Во машкото полуфинале меѓу бранителот на титулата Струмица и екипата на ГОК Борец, домашните имаа одличен меч и убедлива победа од 3:0. Струмица откако го загуби финалето во Купот на ОФМ сега останува да јуриша на одбрана на титулата, па составот на Атанас Милев ќе се обиде и во вториот меч од полуфиналната серија да слави на гости во Велес и да го потврди местото во големото финале.

СТРУМИЦА – ГОК БОРЕЦ  3:0 (25:13, 25:19, 25:19)

ПретходноМеси во Мајами се запозна со човекот по кој го добил името: Мајка ми ќе биде пресреќна! (ФОТО)
СледноНикој како Мохамед Салах!