Мисијата на Јунајтед за лето – 200.000.000 фунти за седум играчи!

405

Нема сомнеж дали Манчестер Јунајтед летово ќе смени „пола тим“. Сите зборуваат за тоа како системот на Аморим треба да донесе поквалитетни играчи, дека многумина се премногу платени и дека нема кој може да испорача се што бара Португалецот.

Каков е планот?

За да се балансира тимот потребно е да се продадат играчи кои се премногу платени, а од четворицата кои се на позајмица може да се заработат околу 110 милиони фунти.

Тоа се Маркус Рашфорд (50 милиони), Џејдон Санчо (30 милиони), Ентони (30 милиони) и Тајрел Маласија (10 милиони).

Од играчите кои моментално се во клубот, клубот најверојатно ќе го напуштат Касемиро, Онана и Гарначо, особено сериозна бројка се очекува од Аргентинецот кој е желба на Наполи и за кого може да се добијат околу 50 милиони фунти.

За Касемиро и Онана има интерес од Саудиска Арабија и нивната цена би можела да изнесува 20 милиони фунти.

Тоа не е се, Коби Мајну е уште еден од играчите кои се под знак прашалник за следната сезона бидејќи има големи барања за плата, па може да дојде до продажба, а Челзи ја следи ситуацијата со ова момче.

Платите на споменатите играчи се доста високи, Рашорд и Касемиро имаат по 325 илјади фунти неделно, Санчо 250 илјади, Ентони и Ериксен на кои им истекува договорот имаат по 150 илјади, додека Онана е на 120 илјади.

ПретходноНеверојатно: Она кога на Рамос сакаш свртен со грб да му браниш пенал! (ВИДЕО)
СледноПриближно 3000 учеснички го истрчаа 13. издание на Авицена Женска трка