Ракометарите на Алкалоид ги чека „пеколно“ тешка задача против огромниот фаворит Пелистер

236

Денеска ќе биде комплетирано третото коло во плеј-оф и плеј-аут лигата. Во центарот на вниманието секако е битката за титулата. А таму, актуелниот првак Пелистер е домаќин на Алкалоид. Иако битолчани важат за големи фаворити со оглед на нивниот состав (бројни странци и одлични македонски играчи), сепак овој дуел секогаш е окласиран како дерби.

Алкалоид го чека пеколно тешка задача бидејќи салата „Боро Чурлевски“ се распродаде брзо за оваа средба, а во составот го нема ниту Марко Митев. На последната средба во Битола, актуелниот освојувач на Купот на Македонија беше убедливо совладан.

Втор меч кој треба да биде еднакво интересен е во Кавадарци, таму ГРК Тиквеш е домаќин на Бутел Скопје.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ/АУТ – КОЛО 3
13.04.2025 – НЕДЕЛА
18:00 часот МРК КУМАНОВО – РК ПРИЛЕП
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК АЛКАЛОИД – пренос во живо на МРТ
ПретходноЈокиќ, најеројатно нема да биде МВП, но би можел да заработи 212 милиони долари
СледноФедерер призна дека не е лесно да си надвор од теренот