Менаџерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше по ремито 1-1 на неговиот тим против Брентфорд. Тој не криеше дека се разочарани бидејќи испуштија два важни бодови.
„Разочарувачки е бидејќи испуштивме два бода. Со оглед на тоа што направивме, колку бевме доминантни и колку малку шанси примивме пред сопствениот гол, мислам дека направивме доволно за да победиме“, изјави Артета.
Двата загубени бода му отворија можност на Ливерпул да ја зголеми предноста на врвот на 13 бода со преостанати шест кола. Ако тоа се случи, шансите на Топџиите за титула конечно ќе влезат само во областа на теоријата.
„Денес сакавме да ја зголемиме веројатноста да го постигнеме она што го сакаме во Премиер лигата. Со овој резултат, тоа е малку веројатно. Против Брентфорд, ако не можеш да се браниш добро на стандардните позиции, ќе бидеш строго казнет. Секогаш е така, бидејќи Брентфорд е добро организиран, многу е тешко да се создаваат шанси пред нивниот гол, а можевме да направиме подобри напади во многу ситуации, а можевме редовно да ги завршиме нападите“.
Сепак Арсенал и да остане без шанса за титулата, нема да стравуваат за местата кои водат во ЛШ каде пак оваа сезона „топџиите“ се на чекор да се пласираат во полуфиналето, првпат после 2009 година. Ги чека реванш со Реал на гости каде патуваат после победата од 3-0 и неверојатната атмосфера дома.
„Атмосферата беше различна од вторникот, тоа е сигурно. Не знам дали навивачите размислуваа за реваншот со Реал, но за нас професионалците тоа е важно“, додаде Артета.