Билбао со пресврт до победа против Рајо

57

Потешко од очекувањата вечерва во последниот дуел од денешната програма во шпанската Примера, тимот на Атлетик Билбао дојде до 3:1 победа на домашен терен против екипата на Рајо Ваљекано.

Гостите на овој меч добија удар од белата точка во 37. минута но истиот Диаз го промаши. Сепак, „од втора“ што се вели погоди Цис за водство на Рајо од 0:1.

До нова промена на резултатот се чекаше до 58. минута кога Оихан Сансет израмни на 1:1, но секако домаќинот не може да биде задоволен со реми на свој терен па било кој да е противник.

Продолжи со офанзивата и истата се исплатеше. Во 80. минута, Нико Вилијамс постигна гол за 2:1, што значеше и помирен финиш на мечот, а Сансет во последните секунди ги постави конечните 3:1.

 

ПретходноДербито на Рим без победник (ВИДЕО)
СледноЛегендата на Јунајтед: Роналдо би можел да го замени Халанд во Сити