Волкановски после историската ноќ: Многумина не веруваа во мене…

5202

Александар Волкановски со едногласна одлука на судиите го совлада Диего Лопез и го врати шампионскиот појас во перо категорија. По пет рунди борба тој успеа да испише и историја, стана првиот борец кој после 35 година успеал да дојде до ваков остварување.

Австралиецот со македонско потекло беше пресреќен што се врати на врвот, особено после двата порази со нокаут.

„Добро е што се вратив. Никогаш не сум почувствувал толку љубов. Целата недела велев, им ветив на моите девојки дека ќе им го вратам појасот. Мислам дека многу луѓе не веруваа во мене, бидејќи дојдов после два порази со нокаут. Овој момент е неверојатен“, рече Волкановски после победата.

ПретходноВолкановски се врати на светскиот трон и испиша историја (ВИДЕО)
СледноШумахер со помош на сопругата се потпиша на кацига за хуманитарни цели