Одличните игри на претходниот турнир во Нови Сад младата македонска тенисерка Сара Митевска ги продолжи и на турнирот во Панчево за играчи до 16 години, кој е од категорија 2. Сара на турнирот што заврши денес го заврши со двоен триумф, по освојувањето на титулата во конкуренција на двојки вчера ја додаде и титулата во поединечна конкуренција.
Во петте меча со финалето македонската тенисерка загуби само десет гема.
Во финалето Митевска ја совлада Камила Олга Кастрачани од Италија со 2-0 во сетови (60 62), додека во полуфиналето беше убедлива против првата носителка Ена Илиќ од Србија која ја победи со 2-0 (61 62). Во првото коло Сара (која беше рангирана како четврта носителка) ја надигра Дуња Милиќ и мечот го доби без загубен гем 2-0 (60 60), потоа ја победи од Драгица Стевановиќ со 2-0 (63 61) и во четвртфиналето загуби само еден гем во мечот со Ива Колев 2-0 (61 60).
Во конкуренција на двојки со Нина Тепиќ од Србија во финалето во неизвесен меч ги победија Камила Олга Кастрачани и Елена Пападопулу од Бугарија со 2-1 во сетови (62 46 и 10-8 на поени).