Десеткуваниот Алкалоид ја плати цената на неискуство, Пелистер едвај победи!

395

Пелистер дојде до нова победа во плеј-офот, не ја оправда фаворитската улога против Алкалоид, едвај го совлада пред полни трибини со 30-28. Во составот на тимот од Автокоманда одамна го нема Марко Митев, а не се најде ниту Никола Костески, исто така и Коста Петров.

И покрај ова Алкалоид одигра добар меч, неискуството беше причина за поразот, и неискористените шанси да дојде до израмнување и да се врати барем со бод. Сепак играта треба да биде мотив за продолжение на сезоната во која тимот од Автокоманда го чека европско полуфинале, на другата страна Пелистер со еден ваков состав мора добро да се преиспита пред мечевите со еден Вардар 1961.

Интересно прво полувреме се одигра во Битола. Алкалоид во четвртата минута остана со играч помалку, а од овој момент домаќинот зема дополнителна сила, ги казни сите грешки на противникот и поведе со 6-2 во осмата минута. Позитива која Пелистер ја имаше и во самиот финиш на првиот дел (17-13 и 18-14). На другата страна Алкалоид успеа да се врати во мечот, на двапати дојде на негатива од еден гол, дури и се најде во ситуација да израмни при 12-11. Избраниците на Кирил Лазаров не искористија ситуација со плус двајца играчи на теренот. На одморот резултатот беше 18-15.

Алкалоид не се предаде, успеа да дојде на минус еден во 35-та минуа со голот на Стојковиќ. но не искористи напад за израмнување. Пелистер беше на позитива од два до три гола. На средината на второто полувреме, Серафимов при 23-22 не успеа да израмни, неговиот удар од седум метри заврши над голот. На другата страна од истата позиција врати Кузмановски за 24-22. Нешто подоцна Алкалоид при 25-24 имаше нова шанса да израмни нешто подоцна, едноставно неиксуството си го правеше своето. Па на другата страна Пелистер на пет минути до крајот дојде на плус 4 (29-25).

Две одбрани на Кизиќ го донесоа Алкалоид на негатива од еден гол 29-28 во самиот финиш, Ивановски реализираше за 29-28. Сепак немаше време за бод за момците на Лазаров, кој дефинитивно го заслужија. Битолчани реализираа за 30-28 преку Хаџич.

Кузмановски со осум гола беше прв стрелец кај победникот, еден гол помалку имаше Радивојевиќ. Кај Алкалоид, Серафимов имаше девет погодоци.

По овој меч, Пелистер се врати на врвот со девет бода, еден повеќе од Ваардар, пет од Алкалоид. ГРК Охрид е четврти со три бода, исто толку има и Тиквеш. Бутел нема освоено ниту еден бод.

На втората средба Тиквеш го совлада Бутел со 26-25 за прва победа во плеј-офот.

ПретходноЊукасл му одржа лекција на Јунајтед (ВИДЕО)
СледноМарк Маркез најбрз на трката во Катар