Комо го доби дуелот со Торино

71

Во дуелот на двете екипи од средината на табелата во Серија А, екипата на Комо на домашен терен со минимални 1:0 го совлада Торино.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Анастасиос Доувикас, интернационалецот од Грција, кој што погоди во 38. минута од мечот.

Во продолжението од мечот, ниту еден од двата тима не успеа да промени нешто на семафорот, па резултатот остана ист.

Торино е десетти со 40. бодови, додека Комо е 13. со 36.

 

ПретходноМарк Маркез најбрз на трката во Катар
СледноЗвонимир Бобан официјално се врати во Динамо