Тукушто заврши кралската верзија од Мото ГП шампионатот. Овој викенд најбрзите мотори на светот беа во Катар на патеката во градот Лосаил, каде што овојпат најбрз беше Марк Маркез. Тој најдобро се снајде во текот на целата трка, и прв мина низ целта со време од 41:29:186
На втората позиција се пласираше Маверик Вињалез кој заостана 1.800 делови од секундата, додека на третата позиција се пласираше Франческо Бањаиа со заостаток од 4.535 делови од секундата.
Па така, во генералниот пласман секако сега Маркез е прв со 98. бодови пред Алекс Маркес со 96, додека пак трет е Бањаиа со 77.