Ништо ново кога е во прашање Џирона и нејзините настапи во Ла Лига. И денеска, во меч од 31.коло во најсилната шпанска лига, тимот од Каталонија доживеа пораз, и тоа на гостувањето кај Осасуна со 2:1.
Ништо ново и кога станува збор за нашиот Бојан Миовски, кој и на оваа средба беше на клупата на Џирона и не доби шанса да одигра барем некоја минута.
Навистина несфатливо е како тренерот Мичел прави во Џирона.
Будимир и Ибањез беа стрелци за Осасуна, а Асприља во судиското продолжение со прекрасен гол го ублажи поразот за конечни 2:1.