Попладнево се одиграа сите шест средби од 27.коло во нашата елитна лига.
Струга ТЛ на гости кај Работнички во дербито на колото, одиграно на Арената во Скопје успеа да победи со 0:1 и тоа со голот на Укпа. Стружани ја продолжуваат традицијата кога станува збор за овие две екипи.
Со овој пораз Работнички се стави во незгодна ситуација.
Вардар со голот на Сенгор во самиот финиш од средбата дојде до 2:2 со што ја продолжи серијата без пораз. Кавадарчани двапати водеа со головите на Садик и Мишов, Вардар двапати израмнуваше со головите на Закриќ и Сенгор.
Шкендија забележа убедлива победа против Воска со 4:0 и тоа со головите на Адеми, Тамба и Ибраими и Каба, па така и натаму е лидер на табелата со +4 бода пред вториот Силекс.
Гостивар дома губеше со 0:1, сепак на крајот успеа да го победи Шкупи со 3:1 и колку толку да се врати во битката за излез во Европа.
Силекс ја “торпедираше“ Беса со 5:0. Блескаше Марко Ѓорѓиевски со хет-трик, а првите два гола беа дело на Алиќ и Додев. Кратовци и натаму се во потера по Шкендија во битката за титулата.
Горазд Михаилов доживеа бродолом кај својот некогашен клуб во Кратово.
Пелистер дома доживеа шокантен пораз од Брера и тоа со 1:2.
РЕЗУЛТАТИ 27.КОЛО
ГОСТИВАР – ШКУПИ 3:1
(Глишиќ 10.,Ервин 71., Ајдини 90+2./Имери 5.)
ПЕЛИСТЕР – БРЕРА 1:2
(Трајковски /М. Ѓорѓиевски 38., Ндезенгуе 71.)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0:1
(/Укпа 54.)
ШКЕНДИЈА – ВОСКА 4:0
(Адеми 32., Тамба 38., Ибраими 51., Каба 90+2.)
СИЛЕКС – БЕСА 4:0
(Алиќ 2., Додев 32., М. Ѓорѓиевски (п) 45+1., 57., 82./)
ВАРДАР – ТИКВЕШ 2:2
(Закариќ 45+2., Сенгор 90+3./Садик 41., Мишов 53.)