Екипата на Реал Мадрид успеа со тешки маки да стигне до победа попладнево на гостувањето кај Алавес со минимално 0:1. Стрелец на победничкиот гол за „Кралевите“ беше Камавинга во 34. минута, а неколку минути подоцна се случи клучниот момент на овој меч. На изненадување на сите кои го следеа овој меч, Килиан Мбапе крвнички стартуваше над еден противнички играч и доби директен црвен картон.
Во вториот дел и домаќинот остана со десетмина откако Ману Санчез исто така директно беше исклучен.
Реал имаше уште неколку ситуации да го зголеми водството но не ги реализираше истите, па стравуваше за победата до последен момент.
CAMAVINGA WHAT A GOAL! 🤯 pic.twitter.com/WtsBq8JTY0
— TC (@totalcristiano) April 13, 2025