Џанлуиџи Донарума, голманот на ПСЖ и репрезентативец на Италија, според Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) е најдобриот голман во светот за изминатата година. Тој ги имал најдобрите перфоманси, и според ЦИЕС од можни 100 поени, Италијанецот добил 95,5 поени.
На второ место е Јан Зомер од Интер и селекцијата на Швајцарија, а на третото место е Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид и селекцијата на Белгија.
Интересно, според многумина Алисон Бекер, голманот на Ливерпул и селекцијата на Бразил е најдобриот голман во светот, но на оваа листа и според перфомансите, тој е на 33-то место.
Уште повеќе шокирани од оваа листа се фановите на Манчестер Јунајтед. Имено првиот голман на клубот од “Олд Трафорд“, Андре Онана според ЦИЕС не е меѓу 100-те најдобри голмани во светот за изминатата година.