+1
Александар Трајковски е херојот на тимот на Хајдук, откако вечерва тимот од Сплит на домашен терен преку голот на нашиот интернационалец се спаси од пораз против Локомотива во деветтата минута од продолжението.
Трајковски влезе во игра за да спасува од клупата, и го стори токму тоа. Гостите на Пољуд имаа водство преку Карачиќ уште од финишот на првото полувреме. Домашните имаа и пех да останат со играч помалку откако Лучиќ доби директен црвен картон во 66. минута, а Трајковски влезе во игра две минути подоцна.
Хајдук силно притисна за да постигне гол, а во последните секунди од мечот Трајковски го искористи своето огромно искуство и погоди кога беше најпотребно. Вака, Хајдук остана на бод негатива зад сега веќе лидерот Ријека.