Федерер призна дека не е лесно да си надвор од теренот

66

Роџер Федерер најави дека можеби повторно ќе земе тениски рекет и ќе игра на неколку егзибициски натпревари. За многумина најдобриот тенисер на сите времиња е во пензија од септември 2022 година, а сега признава дека копнеел по играта во која доминирал со години.

Пензионираниот швајцарски ас ова го изјави во интервју за ТНТ Спортс, во кое зборуваше за чувствата кон тенисот и желбата повторно да почне да тренира. Искрено, би сакал повторно да играм малку тенис“, изјави осумкратниот освојувач на Вимблдон и освојувач на 20 Грен слем титули.

„Сериозно, би сакал повторно да почнам да играм два до три пати неделно и се надевам дека ќе се вратам на терените на егзибиции. Можеби ќе наполнам убави стадиони низ светот. Па, искрено, малку ми недостига. Не сум играл многу откако се пензионирав. Мислам дека на моето тело и на мојот ум му требаше пауза“, додаде Федерер, кој беше најдобар играч во светот 30 недели.

„Се надевам дека наскоро ќе ме видите повторно на егзибициски натпревар.

Федерер ја заврши својата неверојатна професионална кариера со сингл рекорд од 1251 победа и 275 порази, освојувајќи вкупно 103 титули.

ПретходноРакометарите на Алкалоид ги чека „пеколно“ тешка задача против огромниот фаворит Пелистер
СледноЅвоне Бобан се враќа во Динамо!