По вчерашниот меч во Неготино, во рамките на 24.коло во ВМФЛ меѓу Вардар (Н) и Брегалница кој заврши со 1:0 за домашните, имаше реакции и повици од страна на неготинскиот второлигаш дека гостите искршиле дел од инвентарот во соблекувалната.
По се ова ФК Брегалница попладнево искочи со официјална реакција која ви ја пренесуваме во целост:
ФК Брегалница најостро ги демантира искажаните невистини и невешто смислени сценарија од страна на домаќинот на вчерашниот меч и некои медиуми. Нашиот клуб е клуб со традиција и никогаш во историјата на нашите гостувања управата и и играчите немаат направено, ниту помислено на ваков девијантски однос каков што некои искомплексирани “фудбалски работници” сакаат да исценираат.
Покрај тоа, сакаме да истакнеме уште неколку факти. Уште кога пристигна нашата екипа во Неготино, некои непознати лица почнаа физички да ги малтретираат нашите играчи и стручен штаб. На полувремето, нашиот тренер и двајца играчи беа нападнати од лица од управата на домаќинот. Овие сцени, наведуваат да помислиме дека ова беше однапред смислено сценарио, бидејки полицијата која беше во мал број воопшто не реагираше. Фрапантен е фактот што еден од напаѓачите на нашите играчи е роден штипјанец.
ФК Брегалница, како клуб со реноме и традиција, доколку не беше испровоциран, немаше да се занимава со “клубови” кои немаат елементарни услови а наптреварување во било која лига. Немаат топла вода, немаат вода за пиење, а санитаријата во соблекувалните е искршена со години наназад.
Исто така, сакаме да прашаме дали овие напади и немили сцени на еден “фудбалски терен” на некаква си “арена”се евидентирани од делегатот или полицијата во записник !? Ова е втор случај, како службено лице од домаќинот напаѓа противнички играч, а како што знаеме ФК Вардар Неготино беше казнет и од федерацијата. Па јавно прашуваме, дали оваков клуб заслужува да се натпреварува во некоја фудбалска лига?
Погледнете го видеото во прилог!