Јокиќ, најеројатно нема да биде МВП, но би можел да заработи 212 милиони долари

1557

Аналитичарите на НБА прогнозираат дека Никола Јокиќ нема да биде прогласен за најкорисен играч во лигата и покрај неговиот неверојатен трипл-дабл просек во текот на целата сезона. Српскиот центар на Денвер Нагетс игра со 29,8 поени, 12,8 скока и 10,3 асистенции по натпревар, но се чини дека наградата ќе ја добие Шај Гилџес Александар од Оклахома. Добрата вест за Јокиќ е можното продолжување на договорот и богатството кое доаѓа со него.

Тоа продолжување го најавија НБА инсајдерите на ESPN, нагласуваат дека неодамнешното отпуштање на тренерот Мајк Мелоун нема да влијае на одлуката на Јокиќ да ја продолжи кариерата. За тригодишно продолжување на соработката може да добие 212 милиони долари и впечаток е дека ќе прифати, истакнуваат американските медиуми.

Со својот трипл-дабл просек, Јокиќ стана само третиот играч во историјата на НБА кој забележал двоцифрени бројки во трите најистакнати статистички категории во кошарката. Пред него тоа го постигнаа само Оскар Робертсон и Расел Вестбрук. Вакви просеци има сегашниот соиграч на Јокиќ, Вестбрук во четири сезони.

Доминантниот српски центар трипати беше најкорисен играч на основниот дел од НБА, а за оваа сезона негов најголем конкурент е Шај Гилџес Александар, лидерот на Оклахома Сити Тандер, кој игра со просечни 32,7 поени, 5 скока и 6,4 асистенции. ОКЦ е најдобриот тим во НБА со скор од 67-14 победи-порази.

Јокиќ е член на Денвер во текот на целата своја НБА кариера, клубот кој го однесе како 41-ви пик на драфтот во 2014 година. Тој пристигна во најсилната кошаркарска лига во светот во 2015 година и оттогаш одигра околу 750 натпревари за Нагетс во регуларниот дел од сезоната и 80 во плејофот. Тој го предводеше Денвер во 2023 година до единствената титула во клупската историја.

ПретходноДали е време за промени кај дамите? Грчевски нема победа една година!
СледноРакометарите на Алкалоид ги чека „пеколно“ тешка задача против огромниот фаворит Пелистер