Заврши 20-годишната серија на Леброн!

974

На неверојатната серија му дојде крајот. Леброн Џејмс ќе има фасцинантни бројки оваа сезона, особено ако се има предвид дека се работи за човек кој има 40 години, импресивно е што има 24,4 поени по меч оваа сезона. Покрај тоа, тој има и 8,2 асистенции и 7,8 скока.

Сепак, тој не успеа да го собори сопствениот рекорд.

Имено, од својата втора сезона во НБА (2004-05), Џејмс имаше по 25 или повеќе поени во секоја сезона од ова натпреварување. Секако, оваа серија е најдолга во историјата на НБА, ниту еден мајстор на играта не издржал толку долго како Леброн.

Останува уште еден натпревар за Леброн и Лејкерси до крајот на регуларниот дел од сезоната, против Портланд, а ако Леброн постигне помалку од 67 поени, во просек ќе има помалку од 25 поени по натпревар…

ПретходноФК Брегалница со реакција: Наши играчи и тренерот беа нападнати од лица од раководството на Вардар (Н)! (ВИДЕО)
СледноКостадинов стрелец за Пјаст! (ВИДЕО)