И дефинитивно Гаут Гаут е “новиот Болт“. Иако има само 17 години, младиот спринтер на трката во Перт на 200 метри трчаше под 20 секунди или поточно 19,84 секунди што секако дека е негов личен рекорд. Сепак официјално нема да биде признат со оглед на тоа дека имаше ветар со недозволена брзина 2,2 км на час, па затоа нема да биде признат како рекорд.
Гаут Гаут во последните година и нешто е буквално атлетска сензација. Се очекува токми овој Австралијанец да ги урива сите рекорди на 100 и 200 метри кои се во сопственост на Усеин Болт и со тоа да биде негов легитимен наследнк.
Негово најдобро време на 100 метри е 10,17 секунди што за негова возраст е фантастично остварување.
Нема што, Австралија во наредната деценија и повеќе ќе го има најбрзиот човек во светот.