Завршија првите полувремиња од сите шест средби од 27.коло во ПМФЛ.
На ФФМ, каде играат Вардар и Тиквеш, резултатот е 1:1. Кавадарчани поведоа со голот на Садик, за да во судиското продолжение Закариќ по нафрлање на Сековски, Вардар израмни на 1:1.
На Арената, во дербито на колото, Работнички и Струга ТЛ играат без голови.
Силекс има убедливо водство против Беса и тоа со 3:0 и тоа со головите на Алиќ, Додев и М. Ѓорѓиевски од пенал.
Шкендија има 2:0 против Воска со головите на Адеми и Тамба. Додека во Битола, со прекрасниот гол на Ѓорѓиевски, водат гостите со 0:1.
На Маџари екипите на Гостивар и Шкупи играат 1:1. Демири со прекрасен гол донесе водство на гостите, за да потоа Глишиќ израмни на 1:1.