Оскар Пјастри дефинитивно викендов во Бахреин покажа и докажа дека деновиве се чувствува одлично во болидот, а тоа му донесе нова победа во Формула 1 карванот. Пјастри денеска ја потврди пол позицијата со прво место за Големата Награда на Бахреин, додека на втората позиција се пласираше Џорџ Расел. Трет со доста проблеми во текот на целиот викенд заврши Ландо Норис.
По лошите квалификации, Луис Хамилтон одработи добра трка и стигна до петтата позиција, додека пак, Макс Верстапен заврши едно место зад него.
Гасли на крајот заврши седми, а во првите 10 се најдоа уште Окон, Цунода и Берман.