Пред мечот јасно беше дека на дербито, кое се одигра попладнево на Арената, на Работнички се му одговара само пораз не. И тоа се случи. Струга ТЛ со голот на Укпа дојде до големи три бода. Работнички уште еднаш покажа дека не е оној Работнички од есенскиот дел. Тимот на Горан Станиќ денеска се чини дека и дефинитивно стави крај на амбициитез за титулата и ја направи супер интересна битката за тоа трето место кое носи во Европ. Сега е јасно дека Шкендија и Силекс се единствени кандидати за титулата, а Работнички, Гостивар и Струга ТЛ до самиот крај ќе “војуваат“ за третата позиција.
А еве како изгледа табелата по ова 27.коло:
Шкендија 59, Силекс 55, Работнички 49, Гостивар 47, Струга ТЛ 45, Шкупи 39, Вардар 29, Пелистер 29, Брера 24, Беса 24, Тиквеш 23, Воска 22…