Еди Хау заврши во болница поради тешка пневмонија

104

Тренерот на Њукасл, Еди Хау заврши во болница поради тешка пневмонија на белите дробови.

Хау не беше на клупата на „страчките“ на вчерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед и во текот на денешниот ден клубот објави дека тој е хоспитализиран. Тој ќе остане во болница уште некое време за понатамошно лекување. Хау дефинитивно ќе ги пропушти следните два натпревари на Њукасл, против екипите на Кристал Палас и Астон Вила, а на клупата ќе биде заменет од првиот помошник Џејсон Тиндал.

Еди Хау веќе стекна репутација на легенда во Њукасл поради освојувањето на првиот трофеј по 70 години чекање и пласманот во Лигата на Шампионите предходната сезона.

ПретходноГвардиола потврди: Гундоган останува уште една сезона
СледноФати реши: Ова лето си оди од Барселона!