Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, навести дека играчот од средниот ред на Сити, Илкај Гундоган ќе го продолжи договорот со клубот. Договорот на 34-годишниот фудбалер ќе важи до 2026 година.
„Гундо дефинитивно има уште една година договор. Не знам што ќе се случи на лето, но сега тој има договор на уште една година“, изјави Гвардиола.
Гундоган минатото лето се врати во Манчестер Сити откако една сезона мина во Барселона. Пред да се пресели во каталонскиот клуб, играчот од средниот ред играше за „граѓаните“ од 2016 година.