Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде заработи повреда на грбот, поради што ќе пропушти две до три недели.
Тој ја напушти играта во победата над Леганес, кога беше заменет со Џерар Мартин, а тестовите покажаа повреда на препоните.
Иако Барселона не прецизираше колку долго ќе треба да паузира Балде, добро упатени извори откриваат дека тој ќе отсуствува од 15 до 20 дена, па моментално мали се шансите да биде подготвен за финалето од Кралскиот куп со Реал на 26 април.
Балде сигурно ќе го пропушти реваншот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, како и првенствените дуели со Мајорка и Гетафе, а извесно е дека ќе биде целосно подготвен за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер или Баерн на 29 или 30 април.
Балде е еден од најконстантните играчи на Ханси Флик, кој одигра 43 натпревари оваа сезона, постигна еден гол и даде 10 асистенции.