Кризната состојба што во моментов ја запоседна македонската кошарка, ги натера денеска сите инволвирани страни, а тука пред се се мисли на клубовите, судиите и претставниците на Федерацијата да одржат итен состанок.
Истиот свикан по иницијатива на претседателот на здружението на второлигашите Благоја Кечовски, кој што во името на клубовите го изнесе ставот дека неправедно се опфатени со штрајкот затоа што токму тие се оние кои што ги имаат подмирено сите обврски кон арбитрите.
Покрај Кечовски, на состанокот беше присатен и претставник на КК Бутел, а секако тука беше и претсадетелот на КФСМ Перо Антиќ, како и генералниот секретав Владимир Георгиевски. Судиите во домашната кошарка беа претставувани од Алија Феревски, првиот човек на нивната организација, како и претседателот на скопскиот огранок Саша Цветковиќ. Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ исто така беше присатен на состанокот, како и претставници на прволигашите ТФТ односно Пелистер. Од женската лига Баскет Кам и Бадел со свои претставници.
Договорено е првата лига жени, втората и третата машка конкуренција, како и младинските лиги по велигденските празници да го продолжат своето натпреварување, додека пак што се однесува до плеј офот во машка конкуренција сеуште не е донесено конечното решение.