И Никола Костески мораше да оди на операција

536

Екипата на Алкалоид до крајот не сезоната нема да може да смета на двајца клучни играчи, Марко Митев и Никола Костески.

Митев беше успешно опериран и следи период на рехабилитација од шест месеци. Тој се повреди на дуелот меѓу Словенија и Македонија во Копер. Станува збор за вкрстени лигаменти на коленото.

Костески пак кој долго време е надвор од составот мораше исто да оди на операција, кај него станува збор за повреда на мусклулот со која се здоби на стартот на сезоната. Тој еднаш се најде во тимот, за дуелот против Баја Маре, изведе еден удар од седум метри.

ПретходноЛудило во Мексико: Три црвени картони, голманот му сврти грб на Рамос пред да изведе пенал (ВИДЕО)
СледноОклахома собори рекорд – стар повеќе од 50 години