Капитените на Вардар со порака: Сите на стадион за Кочани!!!

704

Во среда со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе се одигра хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и шампионот на Србија, екипата на Црвена Звезда.

Сепкраклот кој што се подготвува во името на жртвите од трагедијата во Кочани, ќе го проследат триесетина илјади гледачи, кои што веќе си обезбедија билети. Средствата секако одат за семејствата на загинатите, а и за оние кои што сеуште се и ќе се опоравуваат од повредите.

Македонија се мобилизираше околу Кочани, а и навивачите на Вардар тоа го сторија. Ја пополнија Арената која што во среда ќе биде како некогаш стариот Градски стадион во времето на Југославија. Преполн кога гостува Црвена Звезда.

Капитените на Вардар, Горан Закариќ, Азер Омерагиќ и Филип Гачевски предмалку преку социјалните мрежи порачаа. Сите на стадион во името на Кочани!!!

ПретходноДел од првенствата продолжуваат, плеј-офот се уште неизвесен
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 27.КОЛО: Марко ја “торпедираше“ Беса